Ајншајн бил во право: Потврдено постоење на гравитациски бранови

После неколкумесечни шпекулации и неколкудецениски истражувања, научниците од LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) го потврдиле постоењето на гравитациски бранови настанати при спојување на две масивни црни дупки.

- Дами и господа, детектиравме гравитациски бранови, изјави Дејвид Ритце, извршниот директор на Лабораторијата LIGO на конференција за новинари во Вашингтон, која по пат на медиумите ја следеа физичари ширум светот

- Ова е за Нобелова награда, без сомнение, изјави за Би-Би-Си професор Карстен Данзман, водител на европскиот тим кој соработува во експериментот LIGO.

Детекцијата на овие бранови била направена уште на 14-ти септември 2015-та, меѓутоа биле потребни месеци за да се потврди дека дефинитивно се работи за гравитациски бранови за кои досега постоела само теорија дека се возможни – и тоа општата теорија за релативноста на Ајнштајн, кој се испоставило дека точно предвидел што би се случило при судир и спојување на две црни дупки.

Сигналите потекнувале од јужната небесна хемисфера (во правец на Магелановиот облак), а биле емитирани пред  1,3 билиони години како резултат на судир (при брзина колку половина брзина на светлината), а потоа и спојување на две црни дупки (со соларни маси 29 и 36 и 150 километри во дијаметар.) при што формирале една нова со соларна маса 62.

Резултат на ова, според теоретскиот физичар Kip Thorne од Caltech и ко-основач на LIGO, била насилна бура во структурата на време-просторот која траела околу 20 милисекунди, и за тоа време ослободила количина на енергија 50 пати поголема од вкупната моќност на сите ѕвезди во универзумот.

Ова откритие има енормни импликации, за кои ќе требаат декади убаво да се разберат и разработат. Не само што тоа претставува независна потврда на фундаменталната вистина и моќ на Ајнштајновите равенки, туку и го отвора човековото разбирање на една сосема нова димензија на астрономско набљудување. Досега сме биле ограничени на набљудување само на електромагнетната радијација, а од сега ќе можеме да ги набљудуваме и самите бранувања на време-просторот.

Значи, гравитациските бранови се вибрации на димензиите простор-време кои се јавуваат со забрзување на сите облици на материја и енергија.

- Ова е конечна потврда на Општата теорија на релативноста на Ајнштан, објасни за „Јутарнји лист“ др. Ивица Смолиќ од Физичкиот отсек од Природно-математичкиот факултет во Загреб.

- Гравитациските бранови се патувачки деформации простор-време. Како што камен фрлен во вода предизвикува некоја деформација на површината на водата, па таа деформација патува. Или кога ќе плеснеме со дланките, таа деформација патува по воздухот и ја слушаме со увото како звук. Исто така, движечките маси во вселената можат да предизвикаат бранови во гравитацијата, појаснува Симиќ.

Научниците со децении трагаат по гравитациски бранови, но успех постигнаа дури со проектот LIGO. Околу милијарда долари вредниот експеримент ЛИГО детекција на гравитациски бранови почна во 2002 година, а во него се вклучени 900 научници од целиот свет. LIGO се состои од две постројки: една во Ханфорд (Вашингтон) а втората во Ливингстон во Луизијана, кои меѓу себе се оддалечени повеќе од 3000 километри.

- Секоја од тие постројки се состои од два крака во облик на буквата Л (латинично). Секој крак има должина од околу четири километри, тоа се цевки во кои има вакуум и низ кои патува ласерски сноп. Каде што се спојуваат цевките на тие ласерски зраци се интерферираат и тие се многу чувствителни на нарушувањата во должината на краците. Што и да минало и предизвикало деформација на краците, тоа се гледа на интерференцијата меѓу ласерските зраци. Овој уред е толку прецизен што е можно да се измерат деформации помали од радиусот на протонот, објасни Симиќ.

Гравитациските бранови се единственото предвидување кои произлегува од општата теорија на релативноста кое досега не беше потврдено.

 - Тоа е важно од повеќе причини. Прво, имаме уште една потврда на Општата теорија на релативноста. Вториот, и уште поважна причина е што отвораме нов прозорен во астрофиката, изјави Симиќ за електронското издание на „Јутарњи лист“.

- Како што радио-брановите пред 50-тина години претставуваа револуција во тоа какви се објекти можеме да видиме во вселена, така сега гравитациските бранови ќе отворат уште еден прозорец на феномените кои можеме да ги видиме во вселената. сега можеме да проверуваме детали од црните дупки, рече Симиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...