СОСТОЈБАТА Е АЛАРМАНТНА

НАСА: Мај е најтоплиот месец до сега на Земјата

Статистиките на НАСА покажуваат дека во месец мај, температурите достигнале рекорд со оглед на најжешката пролет на северната хемисфера на Земјата. На Арктикот се забележале абнормални температури, кои предизвикале многу рано топење на мразот. Исто така и во Алјаска температурите биле највисоки до сега, а во Финска температурата била за 3-4 степени повисока од вообичаено.



- Состојбата со климатските промени оваа година е алармантна, предупредува Дејвид Карлсон, директор на светската програма за климатски истражувања.

Сега се покажале и рекордно високи температури поради океанско-атмосферскиот феномен Ел Нињо, но метеоролозите велат дека гасовите на стаклената градина емитирани од човековите активности остануваат основна причина за зголемување на температурите.

- Ел Нињо е само делумно виновен. Абнормалното е новото нормално, додал Карлсон.



Силните температури на Ел Нињо предизвикале повеќе од половина Австралија да почувствува најтопла есен до сега. Исклучителната топлина во мај беше придружувана од екстремни временски настани, вклучувајќи и невообичаени обилни дождови во Европа и јужниот дел во САД. Во следните денови се очекува да се објави комплетната листа на глобалните рекордни температури во овој месец.

Предвидувањата се дека токму 2016 ќе биде најжешка година со највисоки забележани температури на Земјата до сега. Првите четири месеци од годината биле најтоплите месеци на глобално ниво во последните 136 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...