Сигнали од далечна галаксија: Дали некој испраќа порака?

Можноста дека таму некаде во Вселената постои некој кој се обидува да комуницира со нас довела до напори да се анализираат звуците произведени од нашиот Универзум. Од овие звуци, брзите радио сигнали (FRB – fast radio bursts) се нај интригантни.

Неодамна откриени, овие сигнали претставуваат сигнали на енергија кои траат неколку милисекунди, но генерираат енергија колку 500 милиони Сонца. Инаку, откриени се помалку од 20 FRB сигнали за кои научниците не биле сигурни што или кој ги предизвикал – сè до сега.

Користејќи глобална мрежа од моќни телескопи, тим астрономи конечно успеал да го лоцира изворот на еден од овие сигнали, со шифра FRB 121102.

Овој сигнал бил откриен пред 2 години од Шами Шантерје и неговите колеги од одделот за астрономија при универзитетот во Корнел, а специфичен е по тоа што неколку пати бил повторуван – што значело дека мора да постои некој механизам способен да го повторува, и дека не се работи за сигнал предизвикан од судар на две неутронски ѕвезди.

Тимот астрономи го лоцирал изворот на сигналот во центарот на џуџе-галаксија која се наоѓа на околу три милијарди светлосни години далечина од Земјата, а една од причините за неговото настанување може да биде случка поврзана со еволуцијата на Универзумот, од пред 3 милијарди години кога тој не бил идентичен како што е сега, или можеби доаѓа од некоја црна дупка.

Во секој случај, потребни се дополнителни испитувања, а што повеќе информации се дознаваат за сигналот, толку повеќе ќе се продлабочува нашето познавање на Универзумот во кој што живееме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...