NASA со план за човечка мисија на најмоќната ракета

NASA ја истражува можноста за користење на човечки екипаж за првото лансирање на нивната најмоќна ракета досега, наречена Вселенски лансирачки систем (SLS – Space Launch System), што драматично би ги забрзало плановите за враќање на човекот на Месечината, а еден ден и негово стапнување на Марс.

Во голем пресврт (бидејќи до сега се сметаше дека ќе биде без човечки екипаж), вселенската агенција размислува за вметнување на астронаути во истражувачката мисија 1 (EM-1), закажана за септември 2018-та, која ќе биде орбитална мисија кон Месечината.

Пред оваа објава, патувањата со екипаж на SLS и придружната капсула Орион биле планирани најрано за 2021-ва.

Постоечкиот план за оваа мисија бил таа да трае околу 3 недели, за кое време Орион капсулата (без екипаж) би собирала податоци додека 6 дена орбитира околу Месечината на далечина од околу 70 000km.

Додавањето на екипаж е можно да го скрати времетраењето на мисијата, и таа да биде многу слична на онаа на Аполо 8 во 1968-ма – првиот пат кога човечки екипаж орбитирал околу Месечината.

За да тоа се оствари ќе претстои многу работи, бидејќи Орион капсулата моментално нема систем за одржување на живот, а SLS ракетата не е целосно оценета како безбедна за лансирање со човечки екипаж во неа.

Доколку овие пречки се надминат, мисијата EM-1 ќе служи како тест за EM-2, која треба да се оствари 3 до 5 години подоцна, и со која за првпат после 1972-ра, астронаути на NASA би зачекориле на површината на Месечината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...