Кулата Аналема – прв облакодер кој ќе виси од астероид

Архитекти базирани во Њујорк откриле планови за градење на облакодер кој ќе виси од астероид на височина од 50 000 километри.

Архитектонското студио Clouds Architecture Office ги објавиле скиците за кулата Аналема, која покрај тоа што ќе биде „обесена“ на астероид, ќе биде и највисоката во светот.

Според нивниот сајт, таа ќе користи универзален орбитален систем за потпора (UOSS) за да виси на астероидот со употреба на дебели кабли. Орбиталниот пат ќе трае 24 часа и ќе биде во форма на бројката 8, а ќе ја покрива јужната и северната хемисфера, патувајќи над големи градови како Хавана, Панама, Њу Јорк и др., враќајќи се во првобитната позиција на небото на крајот на секој ден.

Според објавените дизајни, кулата ќе биде повеќе како лебдечки град отколку огромен облакодер. Таа ќе биде поделена на секции, вклучувајќи ги оние за јадење/шопинг/забава во најдолниот дел, комерцијални канцеларии, градини и агрикултурен сектор, како и големи секции со станбени површини.

Таа ќе ја користи својата уникатна позиција за создавање енергија преку соларните панели, а филтрирачкиот систем кондензацијата од облаците и дождовната вода ќе ја претвора во свежа вода за пиење.

Дали овој амбициозен дизајн воопшто може да функционира, е сосема друго прашање. Како луѓето ќе патуваат и ќе се симнуваат од неа? Како ќе се однесува при екстремни временски услови? Како астероидот постојано ќе се чува во орбита блиску до земјата?

Можеби се работи за искрено футуристичко размислување, а можеби е и само иновативен ПР потег за името на компанијата да се појави „ударно“ на пазарот.

Како и да е, концептот е навистина научно фантастичен, а дали ќе се објават повеќе детали околу тоа како сето ова ќе функционира, останува да чекаме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...