Virgin Galactic со туристи во Вселената уште во 2018-та?

Компанијата за вселенски туризам Virgin Galactic на Ричард Брансон е спремна да ги лансира првите комерцијални вселенски летови пред крајот на 2018-та.

Тие скоро го тестираа својот систем за повторно навлегување во Земјината атмосфера, а претходно бил комплетиран и првиот соло лет на леталото VSS Unity. И двата теста биле успешни.

Леталата кои ќе собираат 6 патници и 2 пилота ќе се лансираат од воздух и ќе ги носат патниците до дистанца од 100км над Земјата, каде ќе можат да искусат неколку моменти во микрогравитацијата и ќе имаат прилика да ја видат Земјата од перспектива од која малкумина ја имаат гледано. Сега засега, билетите за овој пат чинат $ 250 000.

Virgin не е единствената компанија која туристите сака да ги носи во вселената. Џеф Безос, еден од основачите на Amazon.com, исто така има компанија за вселенски патувања наречена Blue Origin.

Патниците во леталото New Shepard на оваа компанија ќе патуваат на иста височина како оние на Virgin Galactic, а Безос се надева дека и неговите летови ќе бидат возможни идната година.

И SpaceX на Елон Маск има интерес во комерцијалното вселенско патување, а за тие потреби го имаат развиено леталото Dragon V2, во кое 7 луѓе ќе можат да патуваат во вселената.

Приватизацијата на вселенските патувања ќе продолжи да ги поддржува научните потфати со тоа што ќе го зголемува интересот за истражувањето на вселената, истовремено олеснувајќи го процесот преку поддржување на иновации кои тоа ќе го направат полесно, побезбедно, и поевтино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...