Откриена планета потопла од повеќето ѕвезди

Откриена е нова планета која е една од најтоплите било кога откриени, а која орбитира околу најсјајната ѕвезда со најголема маса која има планетарен придружник. Доколку, како што сугерира орбитата, едната страна на планетата е постојано свртена кон ѕвездата, температурите таму би можеле да достигнат 4315 °C, што е потопло отколку температурата на некои ѕвезди од типот црвени џуџиња.

Ѕвездата е позната под името KELT-9, а планетата е KELT-9b. Дури и нашето Сонце е поблиску во температурата до планетата во KELT-9 системот, отколку до самата ѕвезда.

Иако KELT-9b има 2.8 пати поголема маса од Јупитер, таа е значително поголема што е резултат на радијацијата од ѕвездата, и најверојатно ја испушта атмосферата во вселената оставајќи гасовита трага. Дури и најцврстите молекули во атмосферата не би можеле да ги преживеат високите температури, што ја прави атмосферата на оваа планета уникатна.

Овие екстремни услови влијаат не само на атмосферата на KELT-9b, туку и на нејзината орбита, која се менува побрзо од онаа на повеќето планети и се очекува за некои 150 години да престане да транзитира и да не се врати во видикот од Земјата наредните 3500 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...