Ѕвезден систем на 10 светлосни години од нас ни е двојник

Астрономите со право се фасцинирани од Epsilon Eridani – овој ѕвезден систем се наоѓа на 10.5 светлосни години од Сончевиот систем, содржи два астероидни појаси и огромен диск со вселенски отпад, а со години постојат сомневања дека оваа ѕвезда може да има и систем од планети.

Нова студија од тим астрономи индицира дека Epsilon Eridani може да е она што бил нашиот систем во својата „младост“.

Претходните студии на овој систем индицирале дека тој бил опкружен со прстени направени од материјали кои практично биле остатоци од процес на планетарни формирања, и кои се состоеле од гасови и прашина – слично на Куиперовиот појас во нашиот Сончев систем, кој орбитира околу Сонцето во близина на Нептун.

Прецизните мерења на движењето на дискот исто така индицирале дека планета со маса слична на онаа на Јупитер орбитира околу ѕвездата на далечина слична на онаа помеѓу Јупитер и Сонцето.

Астрономите сметаат дека е многу веројатно уште планети да бидат пронајдени во просторот помеѓу прстените, но за тоа ќе бидат потребни нови студии, за кои од исклучителна помош ќе бидат инструментите од наредната генерација, како вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој треба да биде лансиран во октомври 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...