Vox Space – конкуренција на Spase X на Елон Маск

Империјата на Ричард Бренсон (сопственикот на компанијата Virgin) се зголеми со оформувањето на уште една компанија Virgin Orbit, посветена на комерцијално лансирање на сателити.

Сега, таа компанија се проширува со Vox Space, чија намена ќе биде конкурирање за договори за американската војска.

Virgin Orbit веќе користи модифициран авион Boeing 747 наречен Cosmic Girl (космичка девојка) за лансирање на малечки сателити, а компанијата исто така тестира и ракета позната како LauncherOne која ќе овозможи различен метод на испраќање сателити во орбита.

Vox Space ќе функционира како засебен ентитет со цел да се придржува до строгите безбедносни барања поврзани со работата потребите на за американската влада.

Моментално, постојат две ракети кои се одобрени за исполнување на воени договори – SpaceX на Елон Маск, и ULA (United Launch Alliance), која е резултат на колаборацијата помеѓу Boeing и Lockheed Martin.

Влезот во комерцијалната вселенска индустрија дефинитивно нема да биде лесен за Vox Space – американската авијација веќе има инвестирано милиони во развивање на Raptor моторот на SpaceX, додека ULA добива финансии во висина од над билион долари од министерството за одбрана.

За разлика од SpaceX и ULA кои своите ракети ги лансираат вертикално, оние на Vox Space ќе бидат прикачувани на конвенционални авиони, и лансирани додека тие се во лет.

Она што е исклучително ограничувачко во методата на Vox Space е што ракетата може да носи товар од максимум 181.5kg, во споредба со Falcon 9 на SpaceX кој може да пренесува до 22.6 тона во ниската орбита, и до 8.3 тона во далечната орбита.

Тоа значи дека Vox Space најверојатно планираат да се специјализираат во лансирање на помалечки сателити по пониска цена, и со тоа да земе дел од бизниссот на SpaceX и ULA.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...