Месечината може да добие 4G мрежа во 2019-та

Германски научници се надеваат дека ќе успеат да постават 4G мрежа на Месечината, како поддршка за пристигнувањето на два лунарни ровери планирани за 2019.

Vodafone Germany најавиле дека планираат да ја поддржат приватната мисија на германскиот тим познат како Part-Time Scientists (PTScientists), со помош од Nokia Bell Labs, кои планираат да испратат ровер на Месечината со SpaceX Falcon 9 ракетата.

PTScientists оригинално биле едни од натпреварувачи во натпреварот Google Lunar XPRIZE кој бил откажан минатиот месец, но од кој самите се повлекле во 2017 барајќи приватни инвестиции за да го остварат својот проект.

Заедно со Audi, тие дизајнирале два „lunar Quattro” ровери за истражување на месечината, кои требало да бидат пуштени близу локацијата на слетување на мисијата Apollo 17 на NASA, и од која требало да снимат и испратат фотографии и HD видео материјали назад на Земјата.

За да меѓусебно комуницираат и да ги испраќаат податоците на Земјата, Vodafone и Nokia ќе развијат ултра компактна мрежа која ќе тежи помалку од 1kg, а ќе овозможува 4G мрежа на фреквенција од 1800MHz која ќе има клучно значење за оваа мисија, и ќе биде првиот чекор кон градење на комуникациска инфраструктура за идни мисии.

Теоретски, астронаут со телефон би можел да се конектира на оваа мрежа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...