Астрономи забележале „невозможно“ бело џуџе

Често се случува научниците да се соочат со „невозможни“ објекти или настани (кои според нам познатите закони не би требало да постојат), а KIC 8145411 е еден од нив. Се работи за ѕвезда од типот бело џуџе чии постоење не може лесно да се објасни.



Бело џуџе е последната фаза од животниот циклус на малечките или ѕвездите со средна големина. Црвените џинови, ѕвезди кои умираат и го имаат согорено целото водородно гориво, понекогаш ги исфрлаат и своите надворешни слоеви, останувајќи со мртво густо јадро кое го нарекуваме бело џуџе. Деведесет и седум проценти од ѕвездите во Млечниот Пат еден ден ќе станат бели џуџиња.

Типичните бели џуџиња имаат маса околу 60% од онаа на Сонцето, додека KIC 8145411 има само 20% од неговата маса. Ова само по себе не е толку необично, колку што е фактот дека за да се оформи толку малечко бело џуџе, би требало да постои и многу малечка прогенитор ѕвезда. Проблемот со толку малечките ѕвезди е дека тие живеат многу долго и потребно им е многу повеќе време за да еволуираат, така што оригиналната ѕвезда од која потекнува KIC 8145411 би требала да е постара од самиот Универзум, за да и снемало гориво и да го исфрлила целиот свој материјал, за да се претвори во толку малечко бело џуџе.



Постои уште еден начин за белите џуџиња да ги изгубат слоевите и од нив да остане само густо јадро, а тоа е доколку имаат придружник кој може да им ги „краде“ слоевите и побрзо да им го експонира јадрото. KIC 8145411 има придружник, но ова објаснување не функционира бидејќи тој се наоѓа на 195 милиони километри оддалеченост од него, 10 пати повеќе отколку што е потребно за ефективен трансфер на маса помеѓу две ѕвезди.

Истражувачите имаат неколку објаснувања за еволуцијата на ова бело џуџе. Можеби постоела трета ѕвезда која му ја „украла“ масата и потоа била исфрлена од системот, или пак можеби постоела голема планета или кафеаво џуџе (објекти преголеми за да бидат планети, но премалечки за да се ѕвезди) кое му ги отстранило слоевите, па било уништено од ѕвездата-придружник.

Овој нов систем бил откриен во податоците превземени од Кеплер, сега нефункционалниот сателит-ловец на планети, кои астрономите сè уште ги анализираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...