Научниците за прв пат открија протеин во метеорит

За прв пат, научниците откриле молекул на комплетен протеин во метеорит.

По анализирање на примероци од метеоритот Acfer 086, тимот истражувачи од универзитетот Харвард и биотехнолошките компании PLEX Corporation и Bruker Scientific открил дека градежните блокови на протеинот хемиски се разликувале од оние на протеините кои потекнуваат од Земјата.

Протеин е органски молекул направен од градежни блокови наречени аминокиселини и функционира како високо-енергетски извор на енергија од кој е изграден најголем дел од „машинеријата“ во биолошките клетки. Научниците за прв пат откриле аминокиселини (т.е молекули слични на нив) во Вселената пред една година, заедно со други молекули важни за биолошкиот живот.

Студијата сè уште не е помината низ академски рецензии и не е објавена во научен журнал, а ја застапува хипотезата дека удар на метеорит можеби допринел за развивањето на животот на Земјата. Според научниците, сосема е возможно дека некои молекули или соединенија неопходни за појавата и развивањето на животот биле „испорачани“ преку бомбардирање на нашата планета со метеорити.

Истражувањето не одредило од каде потекнува овој вонземски протеин,и како се формирал, а научниците се единствено сигурни дека не потекнува од Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...