НАСА нарача нови скафандери за на МВС и Месечината

НАСА вчера објави дека нарачала од две компании – „Аксиом спејс“ и „Колинс аероспејс“ да развијат стандардни вселенски скафандери што идните астронаути ќе ги носат на Месечината. Тие ќе се користат и за Меѓународната вселенска станица (МВС), а ќе ги заменат сегашните коишто се во употреба веќе 40 години.



– Во оваа облека ќе се пишува историја, бидејќи ќе ја носи и првата личност, која не е белец и првата жена што ќе стапне на Месечината, изјави директорка на вселенскиот центар Џонсон, Ванеса Вајч.

НАСА првично планираше сама да развие нови костуми, но тоа беше одложено, а одлуката да го довери трудот на две компании потврдува дека Агенцијата, како и последниве години, систематски се одлучува за јавно-приватно партнерство.

– Тоа ни овозможува да заштедиме пари бидејќи ги споделуваме влоговите, рече Вајч.

Детали од договорот сѐ уште не се откриваат, но програмата има горна граница од 3,5 милијарди долари за услугата што ќе се дава до 2034 година. НАСА го задржува правото да избере само една од двете компании, или да се определи за двете, па дури и да додаде други. Но, компаниите ќе останат сопственици на оделата и ќе бидат одговорни за нивното одржување.

„Аксиом спејс“, којашто со „Спејс-Икс“ веќе испрати „вселенски туристи“ на МВС со приватно летало, планира да изгради и сопствена вселенска станица, па секако ќе има потреба од вселенски скафандери.

– Планиравме да го направиме костимот како дел од нашата програма, па затоа е фантастично да се искористи долгогодишното искуство на НАСА, изјави шефот на „Аксиом“, Мајкл Сафредини.

НАСА опиша поголем број потреби и барања, како за комбинезоните за на Месечината, така и за „модната линија“ за патувањата во Ниската Орбита на МВС. Целта, меѓу другото, е на оние кои ќе ги носат костимите да им се овозможи „што е можно поголема подвижност“, како што нагласи Ден Бербанк од „Колинс аероспејс“, инаку и самиот поранешен астронаут.

Двете компании имаат намера да ги исполнат сите услови до 2025 година, кога се планира „Артемис 3“ – повторното слетување на луѓе на Месечината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...