Кина повторно под критики за својот вселенски отпад

Остатоци од огромна кинеска ракета се очекува да паднат на Земјата следната недела, соопшти американската Вселенска команда, којашто ја следи нејзината траекторија.



Ракетата „Долг марш 5-Б“, тешка 23 тона, го носеше лабораторискиот модул „Вентијан“ во Вселената и беше лансирана од островот Хајинан во неделата. Модулот потоа успешно се спои со Кинеската орбитална станица. Меѓутоа, откако ја заврши својата работа, ракетата почна неконтролирано да се спушта кон Земјината атмосфера, па не се знае каде ќе паднат остатоците. Овој неконтролиран лет е вкупно трет за Кина, која веќе е критикувана за лошото управување со вселенскиот отпад.

– Тоа е метален предмет тежок 20 тони. Иако ќе се распадне кога ќе влезе во атмосферата, бројни парчиња, некои од нив – прилично големи, ќе паднат на површината, вели Мајкл Бајерс, професор на Универзитетот на Британска Колумбија и автор на неодамнешен труд за опасностите од вселенскиот отпад.

Вселенскиот отпад претставува исклучително мал ризик за луѓето, но можно е поголемите парчиња да предизвикаат штета доколку паднат врз населени места. Бајерс смета дека поради зголемувањето на количината на вселенски отпад, тие мали шанси стануваат сѐ поголеми.

Според проценките, можноста за паѓање на ракетни парчиња во Џакарта, Дака и Лагос е трипати поголема отколку во Њујорк, Пекинг или Москва.

– Ризикот може целосно да се избегне со оглед на технологијата и плановите за мисии кои овозможуваат контролиран влез во атмосферата, обично преку оддалечените делови на океанот, наместо неконтролиран влез, вели Бајерс.

Кина лани се најде на удар на критики за својот вселенски отпад, откако лансираше модул на слична ракета. Остатоците паднаа во Индискиот Океан близу Малдивите 10 дена по лансирањето. НАСА соопшти дека Кина не ги исполнува „стандардите за одговорност“. Од друга страна, Кинезите ги обвинија САД дека „шират страв“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...