НАСА сними лице на мече на Марс

Орбитерот „Mars Reconnaissance Orbiter“ или „МРО“ на американската вселенска агенција НАСА, снимајќи ја површината на Марс, улови – лице на мече.



На фотографијата направена од камерата „ХиРИСЕ“ (High Resolution Imaging Experiment), јасно се гледа необичната геолошка формација. Кружниот облик на работ (некакви пукнатини околу вулкан) „ја одразува“ главата на мечката, два плитки кратера ги оцртуваат очите, а возвишението во облик на превртено „Г“ (веројатно, вулкански отвор, или пак, насобрана кал) наликува на муцка, т.е. нос. Овој своевиден куп може да е последица на таложење на самиот врв на закопаниот кратер кој бил исполнет со лава или кал.

Камерата „ХиРИСЕ“ го фотографира Марс од 2006 година, кога орбитерот „МРО“ почна да ја обиколува „Црвената планета“. Моќната камера е дизајнирана да ја слика површината на Марс, со прилично голема прецизност. Леталото прави круг околу Марс за 112 минути, со брзина од околу 255 километри над неговиот јужен пол или 320 км над северниот пол. Орбитерот има инструменти за проучување на атмосферата, времето и климата на Марс и како тие се менуваат. Исто така, бара докази за вода, мраз и сложен терен и места за можните идни мисии. „МРО“ неодамна испрати и фотографии од „зима на Марс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...