Таинственото вселенско летало на Кина се врати на Земјата

Експерименталното, но и прилично таинствено кинеско летало што помина во земјината орбита 276 дена, денеска се врати на Земјата. Со тоа, заврши мисијата за тестирање на вселенските технологии за повеќекратна употреба во земјата, објавија кинеските државни медиуми.



Вселенското летало без екипаж се врати во вселенскиот центар за лансирање „Џиукван“ во северозападна Кина, како што е планирано. Тестот е означен како важен напредок во истражувањето на Кина за технологијата за повеќекратно користење на вселенските летала што ќе обезбеди поудобен и поевтин начин за испраќање идни вселенски мисии, објавија државните медиуми. Очекувано, не се приложени подробности за намената, какви технологии се тестирани, колку далеку стигнало тоа летало и патеката.

Слики од леталото, исто така, допрва треба да бидат објавени во јавноста.

Во 2021 година, нешто што можеби беше слично вселенско летало, полета до вселената и се врати на Земјата истиот ден во мисија исто така во голема мера чувана во тајност. Тоа летало, според кинески претставници, хоризонтално слетало на Земјата.

Се претпоставува дека Пекинг развива вселенско летало, сличен како „Х-37Б“ на американските воздухопловни сили, самоуправувачки вселенски авион којшто може да остане во орбитата со години. Беспилотниот и повторно употреблив „X-37Б“ се врати на Земјата минатиот ноември, по својата шеста мисија, по повеќе од 900 дена во орбитата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...