Помогнете им на научниците да откријат нови астероиди

Астрономите од Универзитетот во Аризона бараат помош од јавноста да набљудуваат илјадници слики од ноќното небо за да бараат неоткриени астероиди, од кои некои имаат потенцијал да се судрат со Земјата.



Истражувачите кои го спроведуваат Catalina Sky Survey, проект кој е дел од потрагата на НАСА за објекти блиску до Земјата, започнаа онлајн потрага која му овозможува на секој, вклучително и на оние без искуство, да ги истражува телескопските снимки од небото за да забележи неоткриени астероиди.

Повеќето астероиди се наоѓаат во појасот помеѓу Марс и Јупитер и можат да бидат со големина од камчиња до неколку километри во дијаметар. Но, гравитационите интеракции можат да ги исфрлат од астероидниот појас во орбити кои можат да ја преминат орбитата на Земјата, што претставува потенцијално сериозна закана доколку ја погодат нашата планета. Некои астрономи сугерираат дека токму таков астероид ги збришал диносаурусите пред милиони години.

За среќа, големите убијци од астероиди се прилично ретки и релативно лесно се забележуваат на големи растојанија. Малите примероци се оние кои треба да се следат, бидејќи потешко се забележуваат, а сепак може да предизвикаат штета.

Проектот има за цел да регрутира што повеќе луѓе за да ги погледнат означените слики со потенцијални објекти и да одлучат дали изгледаат како астероиди. Откако доволен број граѓани-астрономи ќе го означат објектот како релевантен, тој ќе биде повнимателно испитуван од експерти за да се одреди неговата големина и дали некогаш ќе се судри со Земјата.

Преку Zooniverse, волонтерите добиваат пристап до групи од четири слики за да утврдат дали тој објект е астероид или лажна закана.

До сега идентификувани се повеќе од 30.000 астероиди блиску до Земјата, а околу 1.400 се надгледуваат бидејќи имаат одреден (обично мал) иден ризик за удар во Земјата. Речиси половина од овие астероиди се откриени од тимот на Catalina Sky Survey.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...