Потребни се само 22 луѓе за да се започне колонија на Марс

Кога размислуваме за колонии на други планети, скоро секогаш мислиме на големи групи луѓе кои се собираат во бази на колонии како што сме виделе во научно-фантастичните филмови.

Сепак, една нова студија покажува дека се потребни само 22 луѓе за успешна колонија на Марс. Студијата исто така покажа дека некои личности можеби не се толку добри за планетарна колонизација.



Студијата не само што спроведе симулации за да види колку човечки колонисти ќе бидат потребни за оптимално да се постави колонија, туку и спореди различни личности за да се види како тие ќе комуницираат и ќе се однесуваат на толку долга и изолирачка мисија.

Според истата магичниот број за најмалата популација колонисти што би можеле да изградат и одржат колонија на Марс би бил 22. Понатаму, истражувачите велат дека симулацијата анализирала четири различни личности за да види како тие ќе се справат со интеракциите помеѓу луѓето со различно ниво на вештина, стрес и издржливост.

Тие откриле дека луѓето кои се активни, дружељубиви и пријатни можат успешно да работат во рамките на симулираната марсовска колонија без многу проблеми. Од друга страна невротиците вклучени во симулацијата имаат поголема веројатност да умрат, со многу повисока стапка на смртност од другите типови на личности.

-Сакавме да покажеме дека ако ги занемариме социјалните, бихејвиоралните и психолошките аспекти на вселенските истражувања, можеме да грешиме грубо во нашите проценки, предвидувања и проекции, изјави Анамарија Береа, коавтор на студијата за The Register.

НАСА, исто така, моментално спроведува симулација на колонија на Марс со четири лица кои се затворени во импровизирани бази на Марс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...