Научниците потврдија: Пронајдовме материјал што потекнува надвор од нашиот Сончев систем

Научниците тврдат дека за прв пат во историјата пронашле материјал кој потекнува надвор од нашиот Сончев систем.



Физичарот од Харвард кој лови вонземјани, професор Ави Лoeб, рече дека раната анализа на металните фрагменти што неговиот тим ги собра од Тихиот Океан во јуни, сугерира дека тие дошле од меѓуѕвездениот простор.

Остатоците дојдоа од објект сличен на метеор кој се урна во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 2014 година, а професорот Лоеб не исклучува дека може да бидат фрагменти од вонземски брод.

Тимот пронашол околу 700 ситни метални сфери за време на експедицијата, а 57-те анализирани сфери содржат композиции кои не се совпаѓаат со никакви природни или вештачки легури.

Наодите сè уште не даваат одговор дали сферите се вештачки или природни по потекло - за што професорот Лоеб рече дека е следното прашање на кое неговото истражување има за цел да одговори.

-Ова е историско откритие бидејќи е првпат луѓето да стават рака на материјали од објект што пристигнал на Земјата надвор од Сончевиот систем, рече тој.

Професорот Лоеб, за DailyMail изјави дека идните истражувања ќе одговорат дали фрагментите се едноставно дел од вселенска карпа или остатоци од вонземска технологија што лебди низ космосот со милениуми.

-Успехот на експедицијата ја илустрира вредноста на преземањето ризици во науката и покрај сите шанси како можност за откривање на ново знаење.

Лоеб и неговиот тим ја објавија својата студија за наодите, која допрва треба да биде рецензирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...