Снимен судир на Јупитер со карпесто тело

Астрономи-аматери, користејќи телескопи поставени на Земјиното копно, забележале и снимиле удар на вселенска карпа во планетата Јупитер кон крајот од август.

Мрежата телескопи во Јапонија - пред сѐ составена од системите „ОАСЕС“ (Organized Autotelescopes for Serendipitous Event Survey) и „ПОНКОТС“ (Organized Autotelescopes for Serendipitous Event Survey), успешно го детектираа овој видлив судир. Според првичните наводи, овој краток миг е „уловен“ од аматер, а видеото е објавено и на „Х“-профилот „MASA Planetary Log“.



Потоа се надоврзаа и други астрономи-аматери кои го забележале силниот блесок за којшто се верува дека бил предизвикан од мала комета или астероид.

За да се одреди големината и видот на ова тело, треба да се направат повеќе истражувања. Целта е да се утврди дали телото му припаѓало на нашиот Сончев Систем или не.

Јупитер повремено е мета на комети и астероиди поради неговата величина и силната гравитација. Неговото гравитациско влијание се протега до астероидниот појас што се наоѓа меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Како последица на тоа, патеките на астероидите во појасот може да се променат, што ги насочува кон планетата и ја зголемува веројатноста за судир.

Некои научници сметаат дека токму големината на Јупитер ја штити Земјата од судири со залутани вселенски тела, што го овозможило и развојот на живот на нашата планета. Јупитер или „ги впива“ овие тела што се движат кон Сонцето, или ги одбива од Земјата. Инаку, овие тела би претставувале голема закана за Земјата и другите внатрешни планети.

Според истражувањата, гасниот џин трпи од 12 до 60 слични влијанија годишно. Сепак, снимањето на таквиот настан е релативно ретка појава.

Најпознатиот снимен судир се случил 1994 година кога делови од кометата Шумакер-Леви го погодиле Јупитер со сила еднаква на 300 милиони атомски бомби. Оваа комета орбитираше околу Јупитер повеќе од 10 години, по што се распадна на 20 помали тела - токму поради огромната гравитација на гасовитата планета. Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја сними оваа појава. https://twitter.com/MASA_06R/status/1696613936534360293?s=20



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...