|
|
|
„Спејс-Икс“ ја откри причината за самоуништувањето на ракетата „Старшип“ Американската вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) ја откри причината за намерното уништување на горната фаза на седмата ракета „Старшип“ (Starship) на 16 јануари и соопшти дека веќе се подготвува ново лансирање.

Ракетата се самоуништи над британските карипски острови Туркс и Кајкос околу 10 минути по лансирањето од Тексас (САД). Според „Спејс-Икс“, проблемот бил во истекување во системот за гориво меѓу резервоарот за кислород и топлинскиот штит, па сите мотори освен еден се исклучиле. Системот за самоуништување беше активиран по протокол, по што следи експлозија која, за жал, го наруши воздушниот сообраќај, но предизвика многу мала штета на теренот.
Во меѓувреме, компанијата се подготвува за осмиот тест, кој би можел да се спроведе веќе в петок, 28 февруари. Но, претходно, американската Федерална управа за авијација треба да ја потпише истрагата на „Спејс-Икс“ пред да издаде дозвола за следното лансирање на „Старшип“ ракета.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Разговор пекаде на Балканот: "Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?" "Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
|
|
|
|