Остатоци од вода и „плажи“ на Марс

Марс некогаш имал океани и песочни брегови, далеку поразлични од пустите, ледени и радијациони услови коишто ги има денес, посочува истражување на научници од Пен Стејт универзитетот во САД и Универзитетот Гуангжу во Кина.



Затрупаните „плажи“ беа откриени откако научниците ги анализираа подземните снимки направени од кинескиот ровер „Журонг“. Овие податоци од северните рамнини на Марс, многу веројатно, укажува дека тука некогаш порано имало океан, според д-р Бенџамин Карденас, еден од авторите на научното истражување.

- Радарот обично забележува дури и суптилни промени во големината на седиментот, што веројатно е она што се случува овде. Тоа ви кажува дека сигурно имало плима и бранови и дека тие биле активни одреден подолг временски период... „Плажата“ се наоѓа меѓу плитката вода, воздухот и копното. Се верува дека во овие средини на Земјата животот настанал првпат и мислам дека ова е одлично место да се испрати мисија во потрага по знаци на некогашен живот, вели Карденас.

Научниците долго време дебатираат дали на Марс има океани, па ова откритие секако навестува дека тука некогаш имало такви огромни водни пространства. И досега има показатели и претпоставки за можно присуство на реки и езера, како и за течна вода длабоко под површината на „Црвената Планета“ денес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...