Погледнете го првото видео од астероидот кој синоќа прелета крај Земјата

Големиот астероид за кој пишувавме вчера помина крај Земјата во 28 минути по полноќ. НАСА успеа да го следи со радио-телескоп, а вие можете да ја погледнете првата снимка од астероидот наречен 2005 YU55.

Астероидот со пречник од 400 метри, односно големина на носач на авиони, помина на 325.000 километри од Земјата, оддалеченост која што е 85 отсто од вкупната оддалеченост на Земјата од Месечината. Марина Брезовиќ од НАСА вели дека успеале да го следат астероидот со големиот радио-телескоп во Арекибу, Порторико.

- Ова е многу ретка појава и многу сме среќни поради тоа што успеавме да го следиме. Ова беше најблиску што астероид поминал покрај Земјата во последните 30 години. изјави Брезовиќ за CNN.

Иако вселенската агенција го класифицираше астероидот како „потенцијално опасен“, научниците не веруваа дека ќе удри во Земјата. Доколку тој паднеше на нашата планета ќе предизвикаше земјотрес од 7 степени по Рихтер и цунами со бранови од 20 метри. Последен пат така голем астероид поминал покрај Земјата во 1976-та, а следен пат вака блиску до планетата ќе помине дури во 2028-та година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...