Троен спектакл за космичко чудо на небото: Дали ова значи утре е крајот на светот?

Со помрачувањето кое ќе се гледа помеѓу 9 часот и 37 минути и 11:56, во петок нас не очекува и темна „Супермесечина“, како и пролетна рамноденица кога денот и ноќта ќе траат еднакво.

По аурора бореалис која можеше да се види дури и од Балканскиот полуостров, вљубениците во астрономските појави во петок ќе имаат и тоа зошто да се радуваат.

Целосното помрачувањето на Сонцето во петок наутро најдобро ќе се види од Фарските острови и од островите Свалбард во Артичкиот океан, но за време на двочасовниот спектакл ќе може да уживаме и од Македонија, каде помрачувањето ќе биде делумно. Имено, сите оние кои ќе сакаат да го видат овој спектакл на небото ќе треба да дојдат на плоштадот Македонија каде со телескопите на Астрономското друштво ќе може да уживаат во затемнувањето. Според најавите, максимумот ќе биде во 10:45 часот, а токму тогаш ќе може да се видат 43,5 отсто од дискот на Сонцето.

„Астрономското друштво“ препорачува во случај ако не можете да дојдете утре на плоштадот во Скопје, затемнувањето да го гледате со специјално очила наменети за тоа или пак со маски за заварување чиј заштитен фактор е повисок од 13. Овој т.н. феномен кога Месечината се спушта на Сонцето последен пат беше на 4-ти јануари 2011-та, а следното делумично помрачување што ќе може да се види и кај нас се очекува да биде на 21-ви јуни 2020-та година.

Во петок, освен затемнувањето, ќе имаме и пролетна рамноденица. Тоа е момент во кој Сонцето во своето годишно движење на небото ќе стигне на небескиот екватор, а денот и ноќта ќе траат по 12 часа.

Месечината исто така во петок ќе биде најблиску до Земјата, со што ќе имаме „Супермесечина“, тоа значи дека ќе биде поголема отколку нормално. Супермесечината е појава на небото која се случува кога природниот сателит на Земјата е околу 50.000 километри поблиску до нашата планета. Тогаш е за 14 проценти поголема и за 30 проценти посјајна.

Инаку, кај луѓето пак се шири страв од пророштвото на крвавата Месечина. Жарот на ваквите верувања го разгоре и поклопувањето на три ретки значајни астрономски појави на небото кои ќе се случат утре – помрачувањето на Сонцето, Супермесечината и пролетната рамноденица. Или барем така гледаат некои христијански проповедници. Како и да е, многумина на интернет се загрижени дека помрачувањето на Сонцето е почеток на крајот на светот, или порака од Бог дека се ближи Судниот ден, токму поради поклопувањето на трите работи во еден ден.

- Оваа порака е за целото човештво, бидејќи оваа појава ќе биде целосно видлива на Северниот пол, кој не е ничија територија, што значи дека предупредувањето не се однесува на ниедна земја посебно“. Ова го тврди Боб Одел, основач на порталот „Root source“, пишува британски Independent.

Имено, Боб вели дека Евреите веруваат дека целосното помрачување на Сонцето е предупредување и знак на осуда, и нагласува: „Бидејќи помрачувањето најдобро се гледа во земјите како Англија и Шведска, во кои расте антиисламското и антиеврејското движење, Европејците треба да се посебно загрижени“.

Пророштвото на крвавата Месечина

Дел од христијанските проповедници од Западот, го споменуваат и пророштвото за крвавата Месечина од Книгата на пророкот Јоил, коe укажува дека тетрадата ­ четири едно по друго помрачувања на Месечината за шест месеци ­ се знак дека се ближи крајот на светот. Оние кои веруваат во ова пророштво се убедени дека Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв... по што ќе следи апокалипса. Од друга страна, љубителите на овие астрономски појави, со нетрпение го очекуваат овој ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...