Мрачната страна на ѕвездените јата

Со помош на опсервацијата спроведена од многу голем телескоп во Европската организација за астрономски истражувања, откриена е нова класа „мрачни“ ѕвездени јата во околината на џиновската галаксија Kentaur A. Овие мистериозни објекти изгледаат слично како и нормалните јата, но се многу помасивни и најверојатно кријат неочекувано големи количини темни материи, па дури и црни дупки. Астрономите не можат да го сфатат постоењето на овие појави, ниту пак ја сфаќаат нивната природа.



Збиените ѕвездени јата се големи топки, сочинети од илјадници ѕвезди, кои се движат околу повеќето галаксии. Тие се меѓу најстарите ѕвездени системи во вселената и го преживеале речиси целиот процес на раст на галаксијата и нејзината еволуција.

- Збиените јата и нивните ѕвезди се клуч за разбирање на создавањето и еволуцијата на галаксиите. Со децении, астрономите мислеле дека сите ѕвезди, кои сочинуваат ѕвездено јато имаат иста старост и хемиски состав. Сепак, сега ни е јасно дека овие објекти се многу почудни и покомплицирани, смета Мет Тејлор, доктор на науки на универзитет во Чиле и предводник на ова истражување.

Елиптичната галаксија Kentaur A е најблиска џиновска галаксија до нашиот Млечен пат и се претпоставува дека содржи околу 2000 збиени јата. Многу од овие збиени јата се посјајни и помасивни во споредба со околу 150 други јата кои кружат околу Млечниот пат. Тимот на Тејлор најдетално ги истражиле примероците од 125 ѕвездени јата во орбитата околу Kentaur A, со помош на инструменти од големиот телескоп на опсерваторијата Паранал во Чиле.



Во повеќето случаи, откриено е дека посјајните јата имаат поголема маса отколку што астрономите мислеле – ако јатото содржи повеќе ѕвезди, ќе има и поголем сјај и поголема вкупна маса. Сепак, кај некои јата се случило нешто неочекувано: биле многу помасивни отколку што изгледало и колку што биле поголеми толку имале поголемо количество на невидливи материи. Нешто ги правело јатата помрачни, тајни и масивни објекти, но се уште не е утврдено што.

Постојат неколку можности. Можеби мрачните јата содржат црни дупки или други мрачни остатоци во својот центар. Оваа идеја може да објасни дел од скриената маса, но тимот сфатил дека тоа не може да биде целата приказна. Се смета дека збиените јата воопшто не содржат темна материја, но можеби некои јата од непозната причина, задржале значајна количина темни материи во своите центри. Оваа хипотеза е објаснета преку набљудувачките податоци, но не се совпаѓа со класичната теорија.



- Нашите откритија на ѕвездените јата со неочекувано големи маси за количината на ѕвезди кои ги содржат, укажуваат на тоа дека постојат повеќе семејства во збиени јата, со различно историско потекло. Очигледно дека некои јата се многу слични, но многу веројатно е тоа што го гледаме да не е сè, смета Томас Пуција, ко-автор на студијата.

Овие објекти остануваат мистерија. Тимот исто така е вклучен во поопширната студија на збиени јата во други галаксии и постојат одредени индикации дека овие мрачни објекти може да се најдат и во други делови на вселената.

- Најдовме нова, мистериозна класа ѕвездени јата. Ова ни зборува дека имаме уште многу да научиме за сите аспекти на формирања на збиени јата. Ова е еден значаен резултат и неопходно е да најдеме уште вакви јата во орбитите околу другите галаксии, смета Тејлор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...