На CES 2020 било демонстрирано модерно технолошко решение за елиминирање на силната миризба од обувките, наречено ShoeBlast.

Овој гаџет е креиран од SMARTREUM BANG E Inc. од провинцијата Северен Геонгсанг во Јужна Кореа, а мирисите ги елиминира со помош на топлина и ултравиолетова светлина.
ShoeBlast има батерија која може да се полни, а составен е од два елементи за чистење кои можат да се одвојат од неговиот главен дел и секој од нив да се стави во обувката.
Со едно полнење на батеријата од 15Wh. (кое трае 180 минути преку USB кабел), уредот може да функционира 1 час, а содржи и сензори на влага кои одредуваат кога има завршено со чистењето и сушењето на одреден пар обувки.
ShoeBlast функционира така што прво дува топол воздух (40 – 60 ° C) околу обувките за да ги исуши и да ги стерилизира без да ги оштети, додека истовремено се користат LED ултравиолетови светла за дополнително да се стерилизира внатрешноста на обувките, при што наводно се елиминираат „99% од бактериите“ во нив.
Употребата на гаџетот не е ограничена само на спортски патики – може да се користи на било кој вид на обувки, па дури и кациги, капи, ракавици и сл.