Јапонците користат егзоскелети за да го одложат пензионирањето

Егзоскелетите не се само за супер-војниците, оние кои работат на склопување на автомобили или парализираните – тие можат да им асистираат и на постарите лица во секојдневните обврски.



Постарите Јапонци користат егзоскелети кои им помагаат да ги вршат работните обврски, за да можат подолго време да работат пред да се пензионираат.

Јапонија моментално има една од најстарата популација во светот – според податоци од 2015, 26% од луѓето имаат над 65 години.

Како одговор на тоа, јапонските технолошки компании прават егзоскелети кои им ги даваат на постарите вработени. Eдна таква компанија, Innophys, развила еден вид на ранец кој им овозможува на луѓето да креваат товар до 25кг, а чини околу $1300.

Еден нивен клиент е фамилијарна компанија која прави и продава кисели ротквици, каде таткото во неговите 70-ти веќе требало да се пензионира, но благодарение на „мускулите“ од нивниот егзоскелет, сè уште е способен да работи.

Слични уреди имаат направено и Panasonic (Atoun Model Y кој чини $5500), како и Toyota.

Како што популацијата старее, потребата за вакви егзоскелети се предвидува дека ќе се зголеми. За да задржат доволно луѓе во работната сила, јапонската влада планира да ја зголеми границата за пензионирање од 60 на 70 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...