Вашиот компјутер може да помогне во справувањето со коронавирусот

Доколку се чувствувате беспомошни во поглед на ширењето на коронавирусот низ светот, еве уште каква позитивна акција (освен социјалното дистанцирање и изолирање) може да преземете: со помош на вашиот компјутер, да им помогнете на научниците побрзо да пронајдат лек.



Со инсталирање на малечка програма на вашиот домашен компјутер или лаптоп која работи во позадина кога не работите ништо друго на компјутерот, можете на експертите да им помогнете во пресметување на комплексни калкулации за да дознаат повеќе за КОВИД-19.

Апликацијата ја има во верзии за Windows и macOS, и е наречена Folding@home, развиена од истражувачите од универзитетот Стенфорд. Всушност, таа помага во истражувањата на болести и лекови веќе 20 години.

Главниот фокус на овој проект е превиткувањето на протеините – биолошкиот процес кој опишува како протеинот ја менува формата во внатрешноста на клетките. Дознавањето како овој процес се случува во одредени вирусни протеини би можел да помогне во развивањето третмани за специфични болести.

Во случајот на КОВИД-19, инфекцијата се појавува во белите дробови кога т.н „spike protein” се врзува за рецепторот ACE2. Блокирањето на оваа конекција е еден од потенцијалните начини за запирање на болеста, а компјутерското моделирање е еден начин за откривање како може тој процес да се спречи.



Кога станува збор за вирусите, важно е не само да се знае формата на протеинот, туку и да се разбере како ја добил, т.е на кој начин се одвивало протеинското превиткување.

По инсталирање на апликацијата, не треба да се преземе ништо дополнително – ќе можете да ја запрете и активирате кога сакате, или пак таа автоматски да се паузира и да ја продолжува работата базирано активноста на компјутерот.

Пресметувањата потребни за да се анализира протеинското превиткување се енормни, и секоја помош, без разлика на тоа колку е мала, е исклучително корисна.

Апликацијата може да ја превземете од https://foldingathome.org/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...