„Emoji Jacket“ јакна за велосипедисти која комуницира со помош на емотикони

Производителот на автомобили Ford дизајнираше „ Emoji Jacket“ која може возењето велосипед по улиците да го направи значително побезбедно. Таа на задниот дел има панел на кој се прикажуваат разни известувања или расположението на велосипедистот, во форма на т.н емотикони – со што се олеснува комуникацијата со останатите возачи на патот.

Од Ford ја креираа јакната во партнерство со специјалистите за индустриски дизајн Designworks, како дел од кампањата „да го делиме патот“, чија цел е да ги охрабри луѓето да возат побезбедно, а покрај емотиконите прикажува и индикатори во врска со насоката во која се движи велосипедистот, како и предупредувања за опасности на патот. Нејзините функции се контролираат преку безжичен управувач монтиран на рачките на велосипедот.

Уште една „да го делиме патот“ иницијатива е wheelswap, искуство со виртуелна реалност кое овозможува да го видите светот од гледна точка на велосипедист или возач на автомобил, а нејзината цел да ја промовира хармонијата помеѓу возачите и велосипедистит, охрабрувајќи ги да направат позитивни промени во поглед на тоа како се однесуваат на улиците.

Емотиконите се фундаментален дел од начинот на кој го користиме јазикот и имаат универзално значење без разлика на кој јазик зборуваме или во кој дел на светот ги употребуваме, па така оваа јакна креира важен линк помеѓу личноста која ја носи и останатите возачи, без разлика на нивниот јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...