Инстаграм ќе го престигне Твитер како извор на вести

Апликацијата за споделување фотографии и видеа Инстаграм ќе го престигне Твитер како извор на вести, покажува извештајот „2020 Reuters Institute Digital News“.



Во истражувањето се наведува дека употребата на вести на Инстаграм од 2018 година е двојно зголемена.

Овој тренд е најсилен меѓу младите. Во извештајот се наведува дека речиси четвртина од младите луѓе на возраст меѓу 18 и 24 години од Велика Британија го користат Инстаграм како извор на вести за коронавирусот.

Сепак, социјалните мрежи се меѓу изворите во кои испитаниците имаат најмалку доверба, пренесува Би-Би-Си.

Само 26 проценти од луѓето изјавиле дека им веруваат на социјалните мрежи како извор на информации за вирусот. Сличен процент од луѓето изјавиле дека веруваат во вестите што се споделуваат преку апликации за разговор како „Facebook Messenger“ и „WhatsApp“.

Од друга страна, околу 59 проценти од испитаниците имаат доверба во националните влади и новинарските организации.

Инстаграм сега го користат повеќе од една третина од луѓето кои одговориле на анкетата и две третини од луѓе на возраст од 25 години, а 11 проценти го користат Инстаграм за вести, што ја става оваа социјална мрежа само едно место зад Твитер.

– Инстаграм стана многу популарен кај помладите луѓе, изјави шефот на истражувањето, Ник Њумен, додавајќи дека младите реагираат навистина добро на приказните кои се визуелно едноставни и добро раскажани

Њумен додаде дека тоа не мора да значи дека еден извор ќе замени друг, туку дека корисниците почнуваат да користат комбинација на извори, како на пример Фејсбук и Инстаграм или Твитер и Инстаграм.

Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук (како и WhatsApp), сега секоја недела допира до 85 проценти од луѓето. Доминацијата што ја презема од Твитер се објаснува со начинот на кој се пласираат информациите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...