Рита Бехадини - технологијата ни помага да комуницираме и полесно да направиме нешто добро во светот!

Рита Бехадини - Активист за човекови права

1.Твојата животна определба и твојата работа ти даваат можност да се сретнеш со многу голем број индивидуи ширум светот кои на некој начин се обидуваат да го променат светот. „Генерацијата Z“ сѐ повеќе се наметнува како гласноговорник за социјални и општествени промени, го крева својот глас пред неправдите и ги прави работите на еден свој, поинаков начин. Има ли оваа генерација моќ да се бори за својата визија да го направи светот подобро место за живеење?

  - Секако дека ја има моќта да ги направи работите подобро, како што можеме да видиме со примери како Малала и Грета Тунберг. Мислам дека на нашата генерација ѝ се дадени нови алатки со кои можеме да направиме промена, а нам ни останува да научиме како да ги користиме правилно. Сигурна сум дека на Мартин Лутер Кинг му било потешко да ги собере луѓето да протестираат за нивните права, а денеска тоа можеме да го направиме преку организирање настан на социјалните мрежи. Нашата генерација има волја и дава сѐ од себе да се избори со проблемите на нашето време: родова дискриминација, глобално затоплување и многу други сериозни проблеми. Само што, сега во нашата борба користиме нови алатки и се обидуваме да ги направиме работите на наш начин.

2.Неодамна Дојче Телеком ја промовираше својата кампања #WhatWeDoNext, преку која се обидува да им понуди платформа на младите луѓе преку која нивниот глас ќе биде чуен. Важните прашања допрво треба да бидат одговорени, но дали сметаш дека оваа кампања е правилно разбрана од јавноста? Почна ли да се чувствува нејзиниот ефект?

  - Мислам дека оваа кампања е најдоброто нешто што можеше да ни се случи во време на пандемија. Многу е важно да го слушнеме гласот на вистинските луѓе, на оние кои имаат што да кажат. Преку оваа кампања можеме да идентификуваме млади луѓе кои се обидуваат да го променат светот и навистина имаат што да споделат со нас. Да, мислам дека оваа кампања има ефект. Им дава на младите луѓе пример кој можат да го следат!



3.Модерното време ни носи еден куп придобивки – милион алатки кои можеме да ги користиме за сѐ’и сешто, до поврзаната технологија која ни овозможува да останеме во контакт со светот секаде и во секое време. Како ти ги користиш придобивките од современата технологија за да го олесниш твојот живот?

  - Верувам дека комуникацијата е најважната работа во овој свет. И навистина го мислам тоа, дури и во секојдневниот живот, сѐ зависи од начинот на кој комуницираме со луѓето околу нас. Токму на овој начин технологијата ни го прави животот поедноставен, ни помага полесно да комуницираме едни со други. Јас работам како новинар во национална телевизија и технологијата и социјалните мрежи ми помагаат да ги идентификувам темите кои луѓето сакаат да ги слушнат и видат, ми помагаат да стапам во контакт со луѓе кои имаат што да кажат или пак, да најдам настани и случувања на кои им треба поддршка.

4.За крај, имаш ли одговор на прашањето: како ќе ја издејствуваме промената која сакаме да ја видиме во светот?

  - Само преку кревање на нашиот глас! Ако зборуваме за проблемите, тогаш сигурно некој ќе нѐ слушне, или пак, ќе ги направиме свесни дека треба да нѐ слушнат. Многу е лесно да направиш нешто добро во светот и ако секој направи нешто добро, малку по малку, можеме да ги промениме работите. Мора да започнеме од промена во нашиот двор, потоа во нашето маало, па во нашата држава… И така работите ќе почнат да се менуваат повеќе и повеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...