Телеком за прв пат на пазарот ја претстави еСИМ технологијата

Вградена електронска картичка којашто во иднина ќе ги замени стандардните СИМ картички

За прв пат на пазарот Македонски Телеком воведува еСИМ – вградена електронска картичка, еволуција во СИМ технологијата, којашто во иднина целосно ќе ги замени физичките СИМ картички.

еСИМ е нов начин на поврзување на уредите со мобилната мрежа и за разлика од стандардните СИМ картички, кои треба физички да се постават во уредот, оваа нова технологија користи вграден електронски чип, што овозможува онлајн активирање.



Развојот на еСИМ ќе влијае врз развојот на услуги во доменот на „Интернет на нештата“ и поврзаните уреди, затоа што овозможува тие да работат независно од смартфоните, што до сега не беше возможно. Ова ќе донесе нов начин на комуникација и полесно поврзување со смарт часовници, велосипеди и други IoT уреди.

Освен технолошкиот и иновативниот, особено е важен и еколошкиот аспект, затоа што замената на пластичните картички и пакувања ќе придонесе за зачувување на животната средина.

За да се користи оваа технологија, потребен е уред којшто ја поддржува, а во иднина бројот на вакви уреди ќе расте сè повеќе. еСИМ се активира едноставно, со скенирање QR код, со што еСИМ профилот се презема преку интернет, криптиран, за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност. Сите постпејд корисници на мобилната мрежа на Телеком кои имаат уред што поддржува eСИМ може да ја користат новата електронска картичка.

еСИМ е чекор напред кон целосна дигитализација и поврзување на уредите, но и еколошка иновација и се очекува во наредните години да стане глобален тренд во понудата на паметни уреди.

Повеќе информации на:www.telekom.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...