Аеродромот во Виена гради огромна сончева електрана

Најголемата сончева електрана во Австрија се гради кај аеродромот во Виена. Осум сончеви централи ќе произведуваат речиси третина од годишната потрошувачка на енергија на аеродромот, што е еднакво на потрошувачката на 7.000 домаќинства.



Австрија цели да покрие 100 отсто од потребите, со обновлива енергија, до 2030 година.

Иако авијацијата – со 2,7 отсто, предизвикува само мал дел од глобалните емисии на јаглерод-диоксид, аеродромот во Виена го презема својот дел од одговорноста и постојано го намалува овој број преку сончеви инсталации и новите еколошки технологии.

– Виенскиот аеродром испрати јасен сигнал за иднината!, рече државниот секретар во Министерството за клима и енергија – Магнус Брунер.

Новата електрана ќе испорачува 30 милиони киловат-часови електрична енергија годишно со своите 55.000 соларни панели, со максимална моќност од 24 мегавати на површина од 24 хектари.

Според градскиот министер за финансии, Петер Ханке, заштитата на климата има највисок приоритет.

– Целта е јасна – климатска неутралност до 2040 година. За оваа цел, ние вложуваме во соларни централи, ветерници и хидроцентрали, централно греење и други технологии. Ќе произведуваме електрична енергија преку сончевите панели до 2025 година, и тоа максимум 250 мегавати, и на 800 мегавати до 2030 година, објаснува Ханке.

Погонот треба да биде завршен и ставен во функција следната 2022 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...