Телеком се подготвува за 5G со континуирана модернизација на мобилната мрежа

Македонски Телеком продолжува со модернизација на мобилната мрежа и замена на опремата со најнова технологија, што е подготовка за имплементација на мрежата на петтата генерација.



Планот е да се опфати целата територија на Македонија. Од август до сега успешно се реализираше модернизацијата во регионите: Штип, Кавадарци, Неготино, Градско, Велес, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Битола, а октомври и ноември ќе се продолжи во Ресен, Охрид и Струга.

Со досегашните активности една третина од мрежата на Телеком е подготвена за 5G, а според планот во втората половина на 2022 година со 5G сигнал ќе може да се опфатат две третини од населението, вклучително и градот Скопје.

Со модернизацијата, освен што ќе се создадат услови за воведување на најновите технологии значително ќе се зголеми капацитетот на мрежата и ќе се подобри корисничкото искуство.

Пионери во 5G имплементација

Од првите тестирања до имплементацијата на терен, проектот за 5G на Телеком континуирано се спроведува веќе три години, со цел корисниците да добијат поголеми брзини и одлична услуга. Во 2018 година Македонски Телеком го изведе првото 5G демо и измери гигабитни брзини. Тука почна приказната за 5G во Македонија, а веќе наредната година беа поставени првите тестни базни станици во центарот на Скопје и Охрид. Истата година Телеком постави уреди за тестирање на оваа најнова технологија на Институтот за комуникаци и базна станица на ФЕИТ, со што студентите и професорите беа меѓу првите што ја тестираа 5G во реални услови.

Со модернизацијата на мобилната мрежа на Телеком што се одвива во моментов се создаваат реални услови за воведување на 5G технологијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...