„Блумберг“: Младите губат интерес за Facebook

Тинејџерите и младите луѓе минуваат сѐ помалку време на Facebook, сѐ помалку се регистрираат и сѐ помалку објавуваат, јавува „Блумберг“, повикувајќи се на интерни документи на компанијата. Тоа може негативно да се одрази на заработката на компанијата.



Во март, раководството на организацијата добило извештај кој наведува дека тинејџерите минуваат 16 отсто помалку време на страната од лани, а „младите возрасни“ – 5 отсто помалку. Намален е и бројот на регистрации кај тинејџерите. Дополнително, просечната возраст на корисниците кои првпат се регистрираат на социјалната мрежа е зголемена од 19-20 на 24-25 години. Вработените во Facebook не знаат кои се точно причините за овој тренд.

-Постои проблем со начинот на кој младите споделуваат податоци за нивните животи. Тие претпочитаат други апликации да зборуваат за секојдневните работи и да споделуваат важни мигови од својот живот, посочува овој интерен документ.

Самата компанија верува дека интересот на младите и тинејџерите ќе продолжи да опаѓа и наредните години. Покрај тоа, поранешниот вработен во социјалната мрежа Френсис Хоган го обвини Facebook дека „не е транспарентен кон своите инвеститори и рекламни клиенти“. Според наводите, раководството претпочита да не ја разгласува оваа тенденција, бидејќи стравува дека тоа може да доведе до губење на приходите од реклами на платформата.

Во составувањето на „Досието Facebook“ учествуваа 17 американски медиуми. Новинарите работеа заедно, прегледувајќи илјадници страници интерни документи на американската фирма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...