Тимот WebPillar & Data Consulting – победник на четиридневниот хакатон за отворени податоци

Второто издание на онлајн хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот победник. Тимот WebPillar & Data Consulting го понуди најкреативното софтверско решение во рамките на хакатонот којшто од 30 ноември до 3 декември го организираше Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.



– За учество на хакатонот се пријавија 28 учесници и беа формирани пет работни тимови. Тимовите имаа за задача да изготват софтверски решенија за визуелизација на податоци, поврзување на две или повеќе бази на податоци или олеснување на процесот на ажурирање на јавно достапните бази на податоци објавени од страна на една или повеќе јавни институции, соопштија од Фондација Метаморфозис.

Победничкиот тим WebPillar & Data Consulting понудил веб решение што ќе овозможи мапирање и споредба врз основа на повеќе параметри на основните и средните училишта во Република Северна Македонија. Тимот ќе добие финансиска поддршка од 3,000 американски долари наменета за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.

На отворањето на Хакатонот, претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски истакнал дека хакатонот се фокусира на отворените и транспарентни јавни институции кои се клучни за демократијата.

– Граѓаните е потребно да се информираат во реално време, како би можеле да бараат одговорност од овие институции, додаде Ерик Јанковски.

Извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис, Бардил Јашари исто така ја нагласил важноста за отвореноста на институциите односно достапноста на податоците од јавен интерес. Тој потенцирал дека во фокусот мора да го ставиме човекот и остварувањето на човековите права, додека искористувањето на потенцијалот на дигиталната трансформација бара стратешки пристап, визија и соработка помеѓу граѓанскиот сектор, медиумите, државните институции, академската заедница, бизнисите и сите други што можат да придонесат.

– Користејќи ги отворените податоци, преку иновативни идеи и примена на постоечки знаења, креативните тимови од повеќе сектори имаа можност да понудат софтверски решенија кои ќе бидат во полза на граѓаните, користејќи отворени податоци од јавно достапни бази на институции. Отворените податоци, освен тоа што преку транспарентноста и отчетноста на властите ја зголемуваат довербата на граѓаните во институциите, можат позитивно да влијаат врз деловниот, академскиот и граѓанскиот сектор. Тие се исклучително важни за креирање на нови производи и услуги кои можат да го олеснат и воедно подобрат секојдневниот живот на граѓаните, нагласија од Фондација Метаморфозис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...