Македонски Телеком продолжува да ја шири 5G мрежата

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата и во новата година.

Досега, 13 градови во Македонија се подготвени за 5G, а до крајот на јануари 2022, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени и регионите на Струмица и Радовиш.

Со континуирани инвестиции и интензивна работа на терен, се поставува напредна комуникациска инфраструктура којашто ќе овозможи гигабитни брзини и подобри технолошки капацитети за корисниците.

До средината на оваа година, поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе може да користи 5G услуги, што е цела година пред очекувањата запишани во националната стратегија. Телеком ќе понуди 5G услуги веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК.

Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латентност. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.

Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години заедно со растот на можностите на новите технологии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...