Во Финска инсталирана првата песочна батерија во светот

Научници во Финска ја создадоа и инсталираа првата функционална „песочна батерија“ во светот, уред способен да складира зелена енергија со месеци и потенцијално, да го реши проблемот со енергијата во различни периоди од годината.



„Песочната батерија“ работи така што се полни со евтина струја од ветерни и сончеви електрани, ја складира добиената енергија во песок и потоа таа може да се користи за греење на куќите зиме. За тоа, песочната батерија користи околу 100 тони обичен градежен песок, што се чува во посебна кутија за склад.

Вакви „батерии“ за складирање зелена енергија, т.е. замислата веќе постои. Но, тие беа од литиум, што ги прави скапи и економски и еколошки неделотворни, бидејќи складираат само ограничена количина електрична енергија.

Истражувачите околу оваа иновација забележуваат дека батеријата ѝ е особено потребна на Финска, којашто има поголема заедничка граница со Русија и во мигов е погодена од недостиг на гас и електрична енергија. Москва го прекина снабдувањето со енергетски ресурси кон оваа европска држава, откако Хелсинки поднесе барање за членство во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...