Кинескиот технолошки гигант Baidu го претстави своето ново целосно електрично самоуправувачко такси (AV), чија изработка чини само 37.000 долари.

Apollo RT6 има отстранлив волан за да им овозможи на патниците повеќе простор и може да се повика преку апликација.
Од Baidu велат дека способноста за возење на возилото е еквивалентна на квалификуван возач со 20-годишно искуство. Apollo RT6 има футуристичка надворешност со smart електрични лизгачки врати, кои може да се отворат преку Bluetooth конекција, внесување лозинка или апликација за телефон.


Кога се вози, возилото користи 38 сензори, вклучувајќи осум сензори за детекција на светлина и опсег (LiDAR), 12 ултразвучни радари и 12 камери. Тие му помагаат на автомобилот да постигне прецизна перцепција на долги растојанија од сите страни во сложени урбани средини.
-Се движиме кон иднината каде што возењето робот такси ќе биде половина од цената на возењето обично такси, велат од компанијата.