Во Дубаи отворена најголемата вертикална градина во светот

Вертикалните градини се моќна алтернатива и решение за кризата со земјиштето и не се помалку функционални од традиционалните. Исто така, тие заштедуваат огромни количини вода.



Иако вертикалните градини не се нови, една привлече внимание бидејќи ова е најголемата вертикална зеленчукова градина во светот и може да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук годишно. Отворена е во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, недалеку од меѓународниот аеродром Ал Мактум. Наречена е Бустаника и е на површина од 30.658 квадратни метри.

Зелјестите растенија што ќе се одгледуваат ќе бидат „целосно чисти“ бидејќи ќе растат без пестициди и други хемикалии. Исто така, тука ќе се користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните градини, а ќе дава три тони производ дневно благодарение на употребата на вештачка интелигенција и компјутерска анализа на податоци.



Имено, производствениот погон користи затворен систем којшто овозможува водата да кружи низ растенијата со цел поделотворно искористување. Водата испарува за време на процесот на наводнување и се враќа во системот, што заштедува 250 милиони литри вода секоја година во споредба со традиционалните отворени градини со исто производство.

Зеленчукот ќе им биде послужен на патниците во авионите на авиокомпанијата „Емирати“, како и на другите авиокомпании кои соработуваат со неа. Ќе се продава и во околните продавници под брендот „Бустаника“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...