Истражување на Телеком за е-спорт ентузијастите

Играњето видео игри поттикнува стратешко размислување, социјализација и креативност

Видео игрите се неизоставен дел од секојдневието, а повеќе од 70% од активните корисници играат повеќе од 10 години, покажа регионалното истражување кое го спроведе Телеком помеѓу е-спорт ентузијастите во Хрватска, Македонија и Црна Гора. Истражувањето е спроведено помеѓу испитаници кои редовно играат видео игри на возраст од 18-40 години.



Испитаниците ги истакнале како позитивни аспекти на играњето: стратешкото размислување (83%), запознавањето нови луѓе (61%) и развивањето креативност (56%). Се покажа дека секој петти вљубеник во е-спорт го гледа играњето како прилика за подобрување на дигиталната писменост и повеќе од 85% од нив имаат одлични или многу добри резултати на училиште или факултет. 80% од испитаниците се чувствуваат среќно додека играат, а 75% од нив активно се социјализираат во вирутелниот свет и преку играњето видео игри стекнале нови пријатели.

Исто така, 50% од младите играчи сметаат дека играњето ги зајакнува фокусот и рефлексите, аналитичноста и ориентацијата. 45% го гледаат е-спортот како прилика за дополнителен приход, а 34% сака да се бави професионално со е-спорт.

Но и покрај масовноста и распространетоста на видео игрите, дури 80% од младите се соочуваат со предрасуди на околината за гејминг индустријата и е-спортот.

„Истражувањето спроведено меѓу играчите во регионот, потврди дека гејмингот може да биде корисен, доколку му се пристапи одговорно. Токму тоа е целта на првиот регионален Telekom eSport турнир, да потврди дека гејмингот не е само игра, туку има многубројни позитивни аспекти, како што се стратешкото размислување, креативноста и социјализацијата меѓу играчите“, изјави Радмила Димова, Раководител на сектор за Маркетинг комуникација и управување со бренд.

На турнирот, кој започна кон крајот на август, учествуваат гејмери од Хрватска, Македонија и Црна Гора. Целта на турнирот, освен забава, е и одговорно играње, едукација за еднаквост и борба против говорот на омраза. Финалето на eSport Championship ќе се одржи на 19 ноември во Загреб.

Повеќе информации на: https://telekom.faceit.com/mk/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...