Четвртина од светската популација користела Facebook секој ден во декември

- Бројот на луѓе кои секојдневно ја користат социјалната мрежа Facebook се зголемил во просек на две милијарди во декември, што е четвртина од светската популација.



Во декември бројот на дневни корисници на Фејсбук се зголеми за четири отсто во однос на една година претходно, вклучувајќи ги и корисниците во Европа, САД и Канада, пренесува Би-Би-Си.

Мета, која ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp соопшти дека бројот на луѓе активни на сите нејзини апликации секој ден се зголемувал за пет отсто во споредба со претходната година.

Акциите на матичната компанија Мета пораснаа за повеќе од 15 отсто, а порастот помогна да се започнат нови планови за компанијата, која се најде под притисок како што растат нејзините трошоци, јавува Би-Би-Си.

-Во 2022 година беше предизвикувачка година, но мислам дека ја завршивме со добар напредок“, рече шефот на компанијата Марк Закерберг и ја прогласи 2023 година за „година на ефикасност“.

Мета ги вознемири инвеститорите минатата година кога го објави првиот пад на дневните корисници на Facebook во својата историја и го префрли својот фокус на градење на виртуелна реалност, позната како Mетаверзум.

Минатиот декември компанијата објави приход од 32,2 милијарди долари, што е пад од четири отсто во однос на претходната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...