Се тестира најголемиот автономен електричен товарен авион

Технологијата на целосно самоуправувачки возила и превозни средства напредува, па и беспилотните летала веќе се користат за различни цели. А, сега е претставен и најголемиот автономен електричен товарен авион досега.



Станува збор за авионот „Pelican Cargo“, произведен од компанијата „Pyka”, со средиште во Калифорнија (САД). Се работи за нова компанија со нагласка на технологијата за самоуправувачки превоз и пренос, која во 2020 година произведе и авион за прскање пестициди наречен „Pelican Sprayer”.

- Го дизајниравме овој авион и со цел отстранување на испуштањата ЦО2 од логистичкиот синџир, притоа нудејќи значително поголема брзина во споредба со копнениот превоз, додека оперативните трошоци се дел од конвенционалниот воздушен превоз, изјави Мајкл Норсија, извршен директор и со-основач на „Pyka”.

„Pelican Cargo“ може да лета 321 километар со товар до 180 килограми. Користи литиум-јонска батерија од 50 киловат-часови, може да достигне брзина меѓу 148 и 167 км/ч., а има четири електромотори од 33,5 коњски сили, а има и резервна енергија.

Авионот е долг 7,3 метри и висок 2,1 метар, а распонот на крилата му е 11,5 метри. „Pelican Cargo“ е опремен со шест процесори сместени во два посебни компјутери, што може да обработат милиони податоци собрани со радарот „Лидар“, ласери свртени надолу и носачи на податоци. Леталото е оспособено за додатна инерција, и динамично пренасочување преку сателитска врска. Има и резервен падобрански систем и користи најсовремена 3-Д воздушно мапирање и препознавање пречки на пистата.

Новиот модел на авион е во фаза на тест во фабрика во Калифорнија. Првиот комерцијален лет се очекува во втората половина на оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...