Како еволуираше мобилната мрежа: од 2G до 5G

5G технологијата веќе влезе на голема врата насекаде во светот, па и кај нас. Со имплементацијата на новата технологија, како и со замената на опремата и уредите, придобивките од овој нов мрежен стандард стануваат сè поголеми. Се наоѓаме пред моментот кога 3G технологијата се гаси, а со тоа и официјално започнува нова фаза од миграцијата кон новите технологии.



Но, како дојдовме до тука? Кога се менуваа мрежите и како промената на претходните стандарди влијаеше врз животот на луѓето ширум светот? Да почнеме од почетокот...

Местото каде што сè започна е Јапонија, а годината е 1979 – тогаш беше развиена првата мобилна мрежа. Но развојот на технологијата во 80-тите одеше значително побавно и за следната голема промена се чекаше повеќе од цела деценија...

А промената се случи во 1991 година, кога аналогниот сигнал се претвори во дигитален, на тој начин овозможувајќи нови можности за пренос на податоци. Новата мрежа, за првпат лансирана во Финска, и официјално го доби името 2G. Придобивките од 2G во однос на 1G мрежата беа очигледни: дигитално енкриптирани телефонски разговори (помеѓу мобилниот телефон и базната станица), поефикасна употреба на радио сигналите и опслужување повеќе корисници истовремено, како и услуги за пренос на податоци (почнувајќи со СМС, а подоцна и ММС пораки). Неколку години подоцна, во 1996 година, 2G пристигна и во земјава преку мрежата на првиот македонски оператор, Мобимак.

Новата деценија донесе и нов технолошки напредок. Веднаш на почетокот на новиот милениум, повторно во Јапонија, беше лансиран првиот 3G сигнал. Кај нас T-Mobile Македонија го имплементираше 3G стандардот во 2009 годинa. Ова беше голема промена, 3G донесе голем напредок во однос на иновативноста и квалитетот на услугите: сурфањето на интернет и видео повиците преку телефон се придобивки од новата трета генерација на мобилни мрежи. А оттогаш и развојот на технологијата се одвиваше со сè побрзо темпо...

Во 2009 година дојдовме до новата генерација мобилна мрежа и нова етапа во историјата на поврзаните технологии. Првиот комерцијален LTE сигнал беше емитуван во Стокхолм и Осло во 2009 година, а во 2012 во Индија за првпат беше лансирана и првата комерцијална 4G мрежа. Со претставувањето на 4G (LTE) навистина почувствувавме како е кога „ја живееме иднината“. Една година подоцна, домашните корисници добија пристап до ултра-брза 4G конекција преку мрежата на Македонски Телеком. Со ова се отворија и низа нови функционалности на технологијата околу нас: подобра употреба на мобилниот интернет, но и простор за развој на вештачката интелигенција (AI) и поврзаните HD преноси преку мобилна мрежа и генерално поголем капацитет на мрежата. Многу повеќе уреди, многу побрзо од кога било!

Сега се наоѓаме пред прагот на новата ера – ера којашто ќе ја одбележат нови технологии, функционалности и иновации, поддржани од новиот мрежен стандард 5G! Во 2022 година, Телеком за прв пат ја пушти во употреба комерцијалната 5G мрежа и гигабитните брзини станаа реалност во 26 града.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...