Маск: Вештачката интелигенција може да предизвика сериозна штета

Американскиот милијардер Илон Маск и група стручњаци за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Chat -GPT“ на „Open AI“.



Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Маск, натаму - Емад Мостак, извршен директор на „Stability AI“ и истражувачот од „DeepMind“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна ВИ додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.

- Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. ВИ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите - општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.

-Моќните системи за ВИ треба да се развиваат само кога ќе бидеме сигурни дека нивните последици ќе бидат позитивни и дека опасностите ќе може да се управуваат, се вели во писмото.

И Европол се приклучи кон оние кои пројавија загриженост во етичка и правна смисла. Тие предупредуваат на можна злоупотреба на ВИ, т.е. обиди за кражба на идентитет, дезинформации и киберкриминал.

Инаку, и „Тесла“ на Маск користи вештачка интелигенција во автомобилите со самоуправување.

„Open Ai“, компанија поддржана од „Microsoft“, и создавач не „Chat-GPT“ ги поттикна конкурентите да го забрзаат развојот на слични големи јазични модели. Сем Алтман, извршен директор на „Open AI“, не го потпиша писмото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...