Дојче Телеком ги поврзува младите луѓе низ Европа со „Лето на радоста, младоста и слободата“

Ова лето, илјадници бесплатни музички искуства низ цела Европа

Во денешниот свет на зголемени економски, еколошки, образовни и општествени притисоци, младите навистина имаат многу грижи.

Дојче Телеком верува дека уживањето во младоста е универзално право. Затоа Телеком ги поканува младите да земат учество и да се поврзат преку илјадници бесплатни музички искуства низ Европа.



„Лето на радоста“ вклучува ексклузивни свирки со мала публика, поп-ап настани организирани од Electronic Beats и шанса да се освојат билети за некои од најдобрите европски фестивали (на пример, Colours of Ostrava, Electric Castle/Cluj-Napoca, како и Ohrid Calling и D-Festival во Македонија и INOTA Festival/Lake Balaton).

Музичката продуцентка и диџејка, Jayda G., номинирана за Греми, којашто е дел од оваа кампања, вели: „Музиката беше мојот спас додека растев. За да се заштити младинската култура, многу е важно да се обезбеди пристап до музички искуства во живо. И навистина се радувам што заедно со Дојче Телеком имаме задача да им овозможиме на младите бегство од притисоците коишто ги опкружуваат“.

Претставување на настанот

„Лето на радоста“ започнува со кампања - филм во стилот на музичко видео, во режија на наградуваното дуо BRTHR, коешто има работено со уметници како што се THE WEEKND, PinkPantheress и CHARLI XCX. Заедно со Jayda G., кампањата обезбедува реинтерпретација на класичната приказна „Петар Пан“ на еден поинаков начин и за една сосема нова генерација.

Првото музичко искуство на отворено е во Виена, на локацијата „USUS am Wasser“, и нуди навистина врвни изведби на највозбудливите диџејски таленти од цела Европа, како: Jayda G., FIONA, Wolfram и уметници од виенските колективи „Grüß Dich Bussi Club“ и „Kein Sonntag ohne Techno“.

Кампања

„Лето на радоста“ е новото поглавје на повеќегодишната програма кампањи на Дојче Телеком за поддршка на Генерацијата Z. Кампањата ќе биде фокусирана на дигиталните канали, со креатори од Генерација Z, за создавање оригинални и автентични содржини за социјалните платформи (на пример, TikTok, Instagram и Snapchat).

Вклучете се

За да дознаете повеќе за „Лето на радоста“ на Дојче Телеком и да побарате пристап до бесплатните музички искуства, посетете ја страницата: summerofjoy.electronicbeats.net.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...