Ако не се менуваш – ВИ веќе те има заменето

Го знаете она чувство кога на средина од Netflix серија ќе излезе порака „Are you still watching?“ или во превод „Дали сèуште гледаш?“.

Во светот на вештачката интелигенција, прашањето е малку поопасно и гласи: Дали сèуште си релевантен?

Добредојде во 2025: Каде што твојот дигитален близнак веќе те чека



Има една непријатна вистина.

Додека ти поминуваш денови во размислување дали треба или не да се запишеш на нов курс, ВИ веќе има научено 100 нови работи, преведува на 12 јазици и пишува роман за време на твојата пауза за кафе. Иако на прв поглед овој податок изгледа мошне застрашувачки, вистината е дека нештата треба да се погледнат од секоја перспектива.

Зошто луѓето се плашат од вештачката интелигенција?

Стравот од вештачка интелигенција не е само технолошки, туку е и длабоко човечки. Луѓето се плашат од непознатото, а ВИ не само што е нова, туку и изгледа како нешто што „мисли“, „учи“ и можеби, еден ден, ќе стане „паметно колку нас“. Тоа го активира најпримитивниот инстинкт кај човекот, стравот од замена и од безвредност. Никој не сака да биде „стар модел“, ниту да чуе дека машината може да го направи она за што ние сме учеле години. Дополнително, ВИ често е претставен како студена, бесчувствителна сила, па се јавува и морална загриженост: Што ќе се случи со емпатијата и креативноста ако ги замениме со алгоритми?

Затоа стравот од ВИ не е само страв од технологија туку и длабока несигурност: Што ако не сум потребен?

Клучното прашање на новото време: Дали вештачката интелигенција ќе ти ја земе работата?

-Ќе останам ли без работа зашто некој бот сега знае Excel, пишува текстови и дури прави уметност?!

Одговорот е: МОЖЕБИ. Но, не затоа што си лош во тоа што го работиш, туку затоа што вештачката интелигенција е неуморна, поевтина, побрза...

ВИ веќе на големо превзема активности како што се банкарски и финансиски анализи, грижа за корисници, создавање на различен тип на содржини и визуелна продукција. 

Сепак, има еден дел што машината не може да го направи. Може да го копира твојот стил, но не и твојата приказна. Може да креира содржина, но не и да ја почувствува. Може да анализира луѓе, но не и да ги разбере. Суштината е дека ВИ е алатка, а ти си визијата. Што значи дека најточниот одговор на прашањето, е дека вештачката интелигенција нема да те замени, туку ќе те замени оној кој знае како најпродуктивно да ја користи.

Дали ВИ ќе нè оглупави и ќе нè направи мрзливи?



Ова прашање боли, не затоа што е неосновано, туку зашто веќе гледаме знаци на тоа. Кога машината почнува да размислува наместо нас, кога Google го знае одговорот пред да го поставиме прашањето, а ВИ пишува текст, креира слика и смислува рецепти, природно доаѓаме во искушение да го пуштиме мозокот „во фаза на спиење“. Зошто би размислувале кога некој/нешто може да мисли за нас? Тука е опасноста, но не во самата технологија, туку во нашата желба за комфор. Како што калкулаторот нè оддалечи од основната математика, така и ВИ може да нè оддалечи од сопственото размислување, од борбата со идеи и креативниот напор. И да, кога секој одговор ни е на дланка, лесно е да станеме мрзливи и глуви на внатрешниот импулс за учење и истражување.

Но, тука лежи и одговорноста. ВИ не треба да биде замена за мислење, туку предизвик за подлабоко размислување. Ние одлучуваме: ќе станеме ли зависници од „паметните“ алатки или ќе останеме активни креатори во паметен свет?

Ако не се променам, дали ќе се заменам сам себе?

Ова прашање звучи како филозофски цитат од некој научнофантастичен филм, но всушност е едно од најреалните прашања на нашето време. Не се работи само за технологија. Се работи за личен избор.

Живееме во ера кога промената не е опција, туку услов за опстанок. Ако стоиш во место, додека светот трча со ракетно гориво, не ти треба никој да те замени, сам ќе се избришеш од мапата. Ќе гледаш како некој со помалку искуство, но со повеќе адаптација, напредува. Ќе чуеш за луѓе што биле на работ на отпуштање, но се трансформирале преку учење на АИ алатки и сега се консултанти. Ќе видиш како некој што „не беше нешто“ сега држи предавања за иднината. И ќе се запрашаш: Зошто и јас не го направив истото?! Затоа ова прашање не е страв, туку предизвик. Ако не се промениш, животот ќе те менува на начини кои не можеш да ги контролираш.

Но, ако се движиш, учиш и се отвораш, стануваш незаменлив, затоа што не си верзија 1.0 туку жив систем што постојано се надградува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...