Зголемен сообраќај и брзини на MaxADSL пакетите по иста цена

Македонски Телеком АД-Скопје воведува MaxADSL новитети. Почнувајќи од 1 септември 2008 година се зголемува месечниот сообраќај кај сите MaxADSL пакети, како за постоечките, така и за новите корисници на MaxADSL услугата.

Освен зголемувањето на сообраќајот, во текот на месец септември корисниците ќе имаат можност и да уживаат во продобивките од неколкукратното зголемување на брзините кое најпрво ќе го почувствуваат новите корисници, а до крајот на месецот и постојните MaxADSL корисници, и сето тоа по исти непроменети цени.

Зголемувањето на брзините и на месечниот сообраќај по истата цена важи за приватните и за деловните корисници на MaxADSL пакетите.

Со новините кај Интернетот за приватните корисници, постојниот MaxADSL 2 пакет станува MaxADSL 10, а досегашната брзина од 1536/256 Kbps се зголемува на 4096/768 Kbps.
Пакетот MaxADSL 10 се модифицира во MaxADSL 25, а брзината од 3072/512 Kbps се зголемува на 5120/768 Kbps.

Неколкукратно зголемување на брзините и на месечниот сообраќај, почнувајќи од септември добиваат и деловните корисници. Така, MaxADSL Pro 10 се модифицира во MaxADSL Pro 25, а досегашната брзина од 3072/768 Kbps се зголемува на 5120/1024 Kbps. MaxADSL Pro 40 пакетот станува MaxADSL Pro 50, а брзината од 4096/768 Kbps се зголемува на 6144/1024 Kbps. Пакетот MaxADSL Pro 100 се модифицира во MaxADSL Pro Flat, со што месечниот Интeрнет сообраќај станува неограничен, а брзината се зголемува од 6144/768 Kbps на 8192/1024 Kbps.

За повеќе информации за MaxADSL новитетите кликнете на www.telekom.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Знаете ли како навиваат навивачите на Фљамуртари!
- Телефони, дригитрони, фљамуртари шампиони!

* * *
Женоооооооо, добив на лото! Пакувај ги куферите!
- Леле, леле, кај ќе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...