Nero ја најави новата верзија на најпопуларниот пакет за „режење“ ЦД и ДВД, Nero 9 која ќе содржи бројни нови функции.
Интегрираниот „Ad Spotter“ автоматски ги отстранува рекламните блокови од снимениот видео материјал. Опцијата „Music Grabber“ ги претвара клиповите од „YouTube“ во МП3 датотеки, односно со помош на оваа алатка се издвојува звукот од музичките видеа. Освен тоа, во Nero 9 е интегриран и новиот софтвер за автоматски препознавање на музиката, со чија помош можете да го дознаете името на изведувачот, името на песната и на албумот.
За заштедата на времето при снимање на DV и HDV видео материјал се грижи „Tape-Scan“ функцијата. „Movie Wizard“ од зададениот видео материјал прави извонредна снимка. Вистински развој доживеа и „Rescue Agent“, кој овој пат има многу понапредни опции за враќање на податоците од CD, DVD дискови, USB уреди, Flash мемориски картички, како и од хард дискови.
Nero 9 е компатибилен со Windows XP и со Windows Vista оперативниот систем и може да се купи по цена од 60 евра.