Google го претстави својот оперативен систем

Интернет гигантот Google одлучи за прв пат во јавноста да претстави неколку детали од својот операциски систем. Google Chrome OS ќе се разликува од останатите оперативни системи по една клучна особина – во целост ќе се осврне на интернет услугите и сè ќе биде прилагодено за веб пребарувачот Google Chrome.

Сите апликации и податоци ќе се наоѓаат на интернет, а подигнувањето на софтверот ќе трае само неколку секунди (најверојатно за седум, јавија од Google).

Google Chrome OS ќе биде наменет првенствено за користење на netbook компјутерите, бидејќи за работа не бара голема хардверска поддршка, како што е тоа случај со класичните оперативни системи.

Овој операциски состав излезе од таборот на Google, но кога ќе се погледне „под хаубата“ ќе видиме дека се работи за прилагодена верзија на Linux.

Google Chrome OS сè уште не е излезен ниту во бета верзија, но од компанијата одлучија на јавноста да и покажат некои од карактеристиките. Службеното појавување на Google Chrome OS ќе биде во декември идната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...